ВРЕМЕ Е ЕВРОПА ДА ЈА ЕЛИМИНИРА СИВАТА ЗОНА МЕЃУ ЕУ И РУСИЈА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКАТА ЗА КАНДИДАТСКИОТ СТАТУС

    ВРЕМЕ Е ЕВРОПА ДА ЈА ЕЛИМИНИРА СИВАТА ЗОНА МЕЃУ ЕУ И РУСИЈА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКАТА ЗА КАНДИДАТСКИОТ СТАТУСМакрон и Шолц вчера го посетија Киев за да ѝ дадат поддршка на Украина (Фото: АП)

    Володимир Зеленски ја опиша вчерашната посета на лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија како историски ден за Украина, која денеска очекува големи вести од Брисел – препорака за добивање кандидатски статус за членство во ЕУ.

    Европа може да испише нова страница за слободата и конечно да ја елиминира сивата зона меѓу ЕУ и Русија“, кажа Зеленски во своето ноќно обраќање.

    Добивањето на кандидатскиот статус е само прв чекор на долгиот пат кон полноправното членство во ЕУ. Турција го доби овој статус во 1999, а Македонија во 2005 година, но сè уште ги немаат почнато пристапните преговори.

    Украина му припаѓа на европското семејство“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека Берлин ќе му праќа оружје на Киев сè додека биде потребно.

    Зеленски вети дека Украина е подготвена да работи на тоа да стане членка на ЕУ.

    Украина дојде најблиску до членството во ЕУ откако е независна држава“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира