Џо Бајден изјави дека Американците се во депресија додека се борат со растечката инфлација по две години пандемија. Во едно од ретките интервјуа, Бајден кажа дека потребата за менталното здравје во Америка вртоглаво порасна.
„Сакам Американците да имаат доверба, како што имам јас“, изјави Бајден за агенцијата АП.
Неговата популарност значително опадна во пресрет на изборите во ноември, кои ќе решат која партија ќе го контролира Конгресот.
„Луѓето се многу, многу депресивни. Многу работи ги вознемирија и тоа најмногу е последица на ковид кризата. Луѓето останаа без работа, училиштата беа затворени“, кажа Бајден.
Тој го даде интервјуто откако новинарите кои известуваат од Белата куќа се пожалија дека немаат доволно пристап до него.
Запрашан за можноста американската економија да падне во рецесија, Бајден кажа дека тоа не е неизбежно. Минатиот месец, инфлацијата во САД беше 8,6%, што е една од највисоките стапки на светот.
„Ако е тоа моја грешка, зошто тогаш во сите други големи индустриски држави на светот инфлацијата е и повисока?“, се бранеше Бајден.