МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ЗАБОРАВИ ДА ПОБЕДУВА СО МУРИЊО, ПОРТУГАЛЕЦОТ СЕ ЖАЛИ НА ДВОЈНИ СТАНДАРДИ

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Манчестер,(АП)

    МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ЗАБОРАВИ ДА ПОБЕДУВА СО МУРИЊО, ПОРТУГАЛЕЦОТ СЕ ЖАЛИ НА ДВОЈНИ СТАНДАРДИ

    Eдно време не постоеше подобар тим од Манчестер Јунајтед за постигнување толку потребни голови во финишот од фудбалските натпревари. Со Жозе Мурињо се случува спротивното.

    Последните месеци, Јунајтед имаше пет нерешени средби од седумте во Премиер лигата. Три од тие нерешени средби беа против Стоук, Арсенал и последната против Евертон во неделата, откако прими израмнувачки гол на 82. Минута.

    „Ова го правиме веќе долго време, играме добро, подобро од нашите противници“, одговори тренерот на Јунајтед Мурињо на коментарите по натпреварот.

    „Нерешени натпревари, на кои заслужуваме победа.“

    Малкуте бодови го оставија Јунајтед на шесто место на табелата после 14 кола, 13 бода зад лидерот Челси и најважно – девет бода надвор од местата кои водат во Лигата на шампиони. Ниту еден тим оваа сезона не се загубил повеќе бодови од Јунајтед, примајќи голови во последните 10 минути на натпреварите. Јунајтед, исто така, изгуби 3:1 од Вотфорд во септември откако прими голови на 83. минута и во судиското надополнување.

    Мурињо вели дека критичарите имаат двојни стандарди кога го критикуваат неговиот тим, базирајќи се на неговата мината репутација со многу победи.

    „Кога мојот тим игра прагматичен фудбал и кога освојува бодови и титули, викате дека не е праведно и убаво“, рече Мурињо.

    „Кога мојот тим игра многу, многу добро, има голема разлика во коментарите. Тогаш викате дека нема врска, важно е да се постигне резултат.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира