Протестот против загадувањето на воздухот во Скопје заврши со фрлање црни балони пред бараките на администрацијата на Град Скопје на градоначалникот Коце Трајановски.
Неколку стотици граѓани на протестот, организиран од неколку еколошки организации, попладнево пред Градскиот парк го изразија својот револт од енормното загадување на воздухот со транспаренти „У… ПМ 10“, „Белите дробови ни се црни“, „Сакам Дедо Мраз да ми донесе воздух“, „Кога ќе пораснам, сакам да дишам“, кои ги оставија на оградата и ги замолија полицајците да не ги тргаат оти и тие се гушат во загаден воздух.
Протестот го организираа еколошките граѓански иницијативи „Скопје смог аларм“, „Скопје бара чист воздух“, „Ајде Македонија“, „Сакаме Аеродром да дише“, „Но пасаран“ и „Во одбрана на Дебар Маало“.
М. И. ПАЧЕМСКА