ИМ ИЗБЕГАЛ СО ЛИСИЦИ НА РАЦЕТЕ, ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПУКАЛЕ ВО ВОЗДУХ ВО СТРУМИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИМ ИЗБЕГАЛ СО ЛИСИЦИ НА РАЦЕТЕ, ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПУКАЛЕ ВО ВОЗДУХ ВО СТРУМИЦА

    Полицајци во цивилка пукале во воздух откако се обиделе да приведат момче во Турското маало во Струмица. Инцидентот се случил околу 18 часот на улицата Бетовенова. Лицата пред момчето се претставиле дека се инспектори од МВР и по неколкуминутна расправија му ставиле лисици. Во тој момент, поголема толпа жители од Турското маало ги опколиле инспекторите кои испукале неколку куршуми во воздух. Момчето со лисици успеало да  избега и да се скрие зад толпата која не дозволувала да биде приведено.

    Од МВР потврдуваат дека имало инцидент и дека инспектори биле нападнати на улицата Бетовенова во Струмица. Не конкретизираа дали и кој пукал со службените пиштоли. Според МВР, дел од нивните инспектори завршиле во струмичката болница со полесни повреди. Повеке информации најавија за утре

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира