ТУРЦИЈА СЕ СОГЛАСИ ДА НЕ ГО БЛОКИРА ПРИЕМОТ НА ФИНСКА И ШВЕДСКА ВО НАТО

    ТУРЦИЈА СЕ СОГЛАСИ ДА НЕ ГО БЛОКИРА ПРИЕМОТ НА ФИНСКА И ШВЕДСКА ВО НАТОТурција, Финска и Шведска потпишаа меморандум во кој се земаат предвид турските грижи (Фото. НАТО)

    Турција се согласи да ги поддржи кандидатурите на Шведска и Финска за членство во НАТО, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.

    Имам задоволство да соопштам дека постигнавме договор кој го отвора патот за прием на Шведска и Финска во НАТО. Турција, Финска и Шведска потпишаа меморандум во кој се земаат предвид турските грижи, како извоз на оружје и борбата против тероризмот“, кажа Столтенберг на самитот на НАТО во Мадрид, што ќе трае три дена.

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно кажа дека ќе го блокира зачленувањето на двете скандинавски држави во НАТО, опишувајќи ги како мрестилиште на терористички организации. Тој ги обвини Финска и Шведска дека им даваат засолниште на членовите на Курдската работничка партија и на приврзаниците на Фетулах Ѓулен, кои Турција ги смета за терористи.

    Финска и Шведска решија да се откажат од својата долгогодишна политика на воена неутралност по руската инвазија на Украина и во мај аплицираа за членство во НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира