За 65,8 проценти е згоолемен бројот на позитивни на ковид-19 во споредба со минатата недела, соопшти Комисијата за заразни болести по денешниот состанок. Констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации и смртни случаи, а во моментот во болница се лекуваат 10 пациенти.
Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од ковид-19 во соседните држави и светот, од Комисијата потсетуваат на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.
„Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце“, соопшти Комисијата.
Од таму додаваат дека внимателно ја следат состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки.
Ж. ЗДРАВКОВСКА