УКРАИНА ПРИЗНА ДЕКА ЛИСИЧАНСК И ЦЕЛИОТ ЛУГАНСК СЕ ПРЕД ПАД

    УКРАИНА ПРИЗНА ДЕКА ЛИСИЧАНСК И ЦЕЛИОТ ЛУГАНСК СЕ ПРЕД ПАДРуските медиуми тврдат дека руските сили веќе се во градот (Фото: АФП)

    Советникот на претседателот Зеленски, Олексиј Арестович, призна дека Лисичанск e пред пад, што би им овозможило на руските сили да го контролираат целиот регион Луганск.

    Тоа е реална закана. Ќе видиме. Работите ќе станат појасни во наредните два дена“, изјави Арестович.

    Тој кажа дека руските сили успеале да ја преминат реката Сиверски Доњец и му се доближуваат на градот.

    Проруските сепаратисти вчера кажаа дека Лисичанск е целосно опколен, што беше демантирано од Киев, а руските медиуми денеска објавија снимки од парадирањето на руските сили по улиците на градот.

    Лисичанск е ставен под контрола, но и натаму не е целосно ослободен“, изјави амбасадорот на самопрогласената Народна Република Луганск во Русија, Родион Мирошник.

    Лисичанск беше изложен на жестоки гранатирања откако руските сили го освоија соседниот град Северодоњецк минатиот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира