ВЛАДАТА ЈА ПРОСЛЕДИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ВО СОБРАНИЕТО НА РАЗГЛЕДУВАЊЕ И ДОНЕСУВАЊЕ ЗАКЛУЧОЦИ

    ВЛАДАТА ЈА ПРОСЛЕДИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ВО СОБРАНИЕТО НА РАЗГЛЕДУВАЊЕ И ДОНЕСУВАЊЕ ЗАКЛУЧОЦИПремиерот Димитар Ковачевски на владина седница. (Фото: Влада)

    Преговарачка рамка за Македонија со ЕУ, предложена од Француското претседателство оди во Собранието на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, соопшти попладнево Владата.

    „Владата на Република Северна Македонија, на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија. На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

    Работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаа средба за да се усогласат какви насоки и задолженија ќе ѝ дадат на оваа и на наредните влади од кои во пристапниот преговарачки процес со ЕУ никогаш не смеат да отстапат и по цена да излезат од преговорите.

    Требаше да договорат заеднички настап пред Владата, со усогласени наредби и задолженија, кои ќе бидат императив за неа и нема да може да ги прекршува во преговарачкиот процес кој уште не е почнат, а за кој ЕУ вели дека веднаш ќе почне ако Македонија го прифати францускиот предлог.

    Засега нема најава за нова средба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира