ОЛИМПИСКАТА ЅВЕЗДА МО ФАРАХ КАКО ДЕТЕ БИЛ ИЛЕГАЛНО ДОНЕСЕН ВО БРИТАНИЈА И ПРИНУДУВАН ДА РАБОТИ КАКО СЛУГА

    ОЛИМПИСКАТА ЅВЕЗДА МО ФАРАХ КАКО ДЕТЕ БИЛ ИЛЕГАЛНО ДОНЕСЕН ВО БРИТАНИЈА И ПРИНУДУВАН ДА РАБОТИ КАКО СЛУГАФарах откри бил префрлен во Британија од источноафриканската земја на деветгодишна возраст од жена што претходно не ја познавал, а таа потоа го натерала да се грижи за децата на друго семејство. (Фото: Би-Би-Си)

    Сер Мо Фарах како дете бил илегално донесен во Велика Британија и бил принуден да работи како домашен слуга, откри тој. Олимписката ѕвезда изјави за „Би-Би-Си“ дека го добил името Мохамед Фарах од оние со кои со авион дошол од Џибути. Неговото вистинско име е Хусеин Абди Кахин.

    Тој кажа дека бил префрлен во Британија од источноафриканската земја на деветгодишна возраст од жена што претходно не ја познавал, а таа потоа го натерала да се грижи за децата на друго семејство.

    „Со години ова само го блокирав. Но, не можете да го блокирате толку долго“, вели Фарах, олимписки и светски шамион и најуспешниот атлетичар во историјата на Велика Британија.

    Тркачот на долги патеки претходно изјави дека дошол во Велика Британија од Сомалија со своите родители како бегалец. Но, во документарецот на „Би-Би-Си“, тој вели дека неговите родители никогаш не биле во Велика Британија – неговата мајка и двајцата браќа живеат на нивната семејна фарма во отцепената држава Сомалиленд. Неговиот татко, Абди, е убиен од заталкан куршум кога Мо имал четири години, во граѓанската војна во Сомалија. Сомалиленд прогласи независност во 1991, но не е меѓународно признат.

    Сер Мо вели дека имал околу осум или девет години кога го однеле од дома да остане со семејството во Џибути. Потоа, тој бил префрлен во Британија од жена која не ја познавал и со која не бил во роднинска врска. Таа му кажала дека го носат во Европа да живее со роднините таму, а тој вели дека бил многу „возбуден оти никогаш не бил во авион“. Жената му рекла да каже дека се вика Мохамед. Тој вели дека имала лажни патни документи на кои била прикажана неговата фотографија покрај името „Мохамед Фарах“.

    Кога дошле во Британија, Фарах бил малтретиран од неа и не одел на школо до 12 години, а наставниците во документарецот велат дека бил неуредно дете чии родители никогаш не дошле на родителска. Тој единствено бил среќен на часовите по физичко воспитување, каде неговиот талент за трчање го забележал наставникот. Нему Фарах и му се доверил за тоа како дошол во земјата и дека е малтретиран, по што го презеле социјалните служби и го сместиле во згрижувачко семејство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира