СЕ ВЕНЧАА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И БЕН АФЛЕК

    СЕ ВЕНЧАА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И БЕН АФЛЕКЛопез и Афлек се венчале вчера. (Фото: Гети)

    Актерот оскаровец Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се венчаа. Според дозволата за брак на онлајн евиденцијата за округот Кларк, Невада, официјалниот брак на парот бил процесуиран вчера. Дозволата е на нивните законски имиња – Бенџамин Геза Афлек и Џенифер Лин Лопез – и исто така наведува дека Лопез го зела презимето на Афлек.

    Веста за свршувачката на Лопез и Афлек првпат се појави во април во билтенот на Лопез – наречен „За ЏејЛо“ (On the JLo) – каде пејачката и актерка сними видео за нејзините обожаватели во кое со насолзени очи покажува свршенички прстен со зелен дијамант. Таа напиша: „Во сабота навечер додека бев на моето омилено место на земјата (во бања со меурчиња), мојата прекрасна љубов клекна на едно колено и ме запроси“.

    Лопез (52) и Афлек (49) беа меѓу најголемите славни парови на почетокот на 2000-тите. Тие снимија два филма заедно – „Џилји“ од 2003, кој мина лошо на киноблагајните, и „Девојката од Џерси“ од 2004. До моментот кога овој филм во режија на Кевин Смит излезе во кината, парот веќе објави дека раскинал.

    Сепак, Лопез и Афлек повторно се зближија пред приближно една година и оттогаш се неразделни. За време на разделбата, Лопез се омажи за кантавторот Марк Ентони во 2004 од кого се разведе во 2014. Афлек се ожени со актерката Џенифер Гарнер во 2005, а се разведоа во 2018.

    Во нивниот професионален живот, Афлек доби Оскар за продукција на „Арго“, а Лопез го зголеми своето богатство со турнеи, глумење во филмови и снимање музика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира