Скопје вечерва се зачади, а во воздухот се чувствуваше тешка смрдеа, откако најверојатно при горење кабли се запалила дивата депонија во Шуто Оризари. Противпожарната бригада на Скопје успеала да го изгаси пожарот, но воздухот сè уште смрди.
Информацијата за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди директорот на Центарот за управување со кризи Стојане Ангелов, кој ни кажа и дека пожарот е изгаснат.
При горење на депонии се шират отровни гасови и опасни честички во воздухот, а смрдеата се чувстува на километри.
Уште во попладневните часови се забележуваше висок црн чад од северниот дел на градот, од две блиски места, за околу 20 часот вечерва видикот натаму целосно да се замагли.
С. К. ДЕЛЕВСКА