ПО 10 ДЕНА ПАУЗА, ПРОДОЛЖИ ИСПОРАКАТА НА РУСКИОТ ГАС ВО ЕВРОПА ПРЕКУ „СЕВЕРЕН ТЕК 1“

    ПО 10 ДЕНА ПАУЗА, ПРОДОЛЖИ ИСПОРАКАТА НА РУСКИОТ ГАС ВО ЕВРОПА ПРЕКУ „СЕВЕРЕН ТЕК 1“„Северен тек 1“ продолжи со работа утрово, но со 40% од својот капацитет (Фото: АП)


    Русија продолжи со испораките на гас во Европа преку својот најголем гасовод, откако се појавија грижи дека тие би можеле да бидат ограничени или целосно запрени. „Северен тек 1“ продолжи со работа по десетдневна пауза, но со намалено ниво.

    Европската комисија вчера ги предупреди членките на ЕУ да ја намалат употребата на гасот за 15% во следните седум месеци во случај Русија целосно да запре со снабдувањето.

    Минатата година, Европа добивала 40% од својот гас од Русија. Германија беше најголемиот увозник во 2020, но ја намали зависноста од рускиот гас од 55% на 35%.

    Владимир Путин вети дека „Газпром“ ќе ги исполни сите свои договорни обврски. Портпаролот на „Газпром“ кажа дека „Северен тек 1“ продолжи со работа утрово, но со 40% од својот капацитет, што е истото ниво од средина на јуни.

    Ако продолжи со ограничени испораки, европските земји би можеле да имаат проблем да ги дополнат своите залихи до зима, кога потрошувачката е поголема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира