БАЈДЕН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, ИМА БЛАГИ СИМПТОМИ

    БАЈДЕН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, ИМА БЛАГИ СИМПТОМИБајден има примено четири дози од ковид вакцината (Фото: АП)

    Американскиот претседател Џо Бајден имаше позитивен тест за коронавирус и е во изолација во Белата куќа. Оттаму кажаа дека 79-годишниот Бајден има благи симптоми и дека ќе продолжи да ги извршува своите обврски.

    Претседателот зема антивирусен лек ‘паксловид‘“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

    Паксловид“ е лек кој го спречува размножувањето на коронавирусот во телото и третманот се состои од две различни таблети.

    Првата дама Џил Бајден имала негативен тест.

    Бајден има примено четири дози од ковид вакцината, вклучувајќи два бустера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира