Австрискиот диригент Штефан Солтес почина вчера откако колабираше за време на изведба на опера во Националниот театар во Минхен. Седумдесет и тригодишниот маестро со унгарско потекло работел во некои од најпрестижните европски оперски куќи и театри во својата петдецениска кариера, како Виена, Грац, Хамбург, Берлин, Париз, Москва, Женева, Цирих и Рим.
„Солтес колабираше додека диригираше со операта ‘Тивка жена‘ на Рихард Штраус. Загубивме талентиран диригент и добар пријател“, изјави генералниот директор на Баварската државна опера, Серж Дорни.
Причината за смртта на Солтес не е објавена.