ДИРЕКТОРОТ НА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА АРАФАТ МУАРЕМИ ЈА ПРИЈАВИЛ РУСКОВСКА ВО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА НЕЗАКОНИТ ПРЕТРЕС

    ДИРЕКТОРОТ НА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА АРАФАТ МУАРЕМИ ЈА ПРИЈАВИЛ РУСКОВСКА ВО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА НЕЗАКОНИТ ПРЕТРЕСМуареми се пожалил од Русковска за самоволие. (Фото:СДК.МК)

    Претресот во Управата за финансиска полиција кој е многу тајна предистрага, директорот Арафат Муареми смета дека е незаконски. Поради тоа Муареми ја пријавил обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска кај државниот обвинител Љубомир Јовески.

    Тој денеска со соопштение кажа дека според него, случувањата во Управата каде истражителите претресуваат компјутери, телефони и документи, биле непријатни.

    „Видно од наредбата издадена од судија на претходна постапка воопшто не е јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата кој што таквата наредба ја издал. Наведеното упатува на тоа дека при издавањето на наредбата, од страна на судијата на претходна постапка запазена е само формата, но не и суштината за да се издаде наредба за примена на ваква инвазивна мерка, каква што е претресот. Од содржината на наредбата може да се констатира дека истата е воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување, што упатува на тоа дека подносителот на барањето за претрес- ОЈО ГОКК не располага со јасна и конкретна цел каков доказен материјал со примената на ваквата мерка сакал да обезбеди, а со кој само дополнително би го зајакнале основаното сомнение и би го комплетирале веќе обезбедениот доказен материјал за некакво сторено кривично дело“, вели директорот Муареми.

    Дополнително, смета тој, „потребата од спроведување на претресот е апсолутно непотребна имајќи предвид дека согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал може во било кој момент да ни се обрати, и со само едно барање да го добие секој предмет за кој што е заинтересирано. И не само предмет, туку и секој еден документ за кој смета дека е потребен“.

    Токму поради ова самоволие како што вели тој на обвинителството, и поради суштествени недостатоци на наредбата за претрес, Муареми поднел претставка до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески.

    Јовески за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека се проверуваат наводите во претставката на директорот на УФП Муареми.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира