РАСТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА НА ТЕТОВЦИ ЗА ТРЕТА И ЧЕТВРТА ДОЗА НА КОВИД ВАКЦИНАТА

    РАСТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА НА ТЕТОВЦИ ЗА ТРЕТА И ЧЕТВРТА ДОЗА НА КОВИД ВАКЦИНАТАВакцинирањето се врши во Здравствениот дом во Тетово (Фото: СДК.МК)

    Секојдневниот пораст на бројот на заболени од ковид-19 придонесе повторно да се зголеми заинтересираност за вакцинација кај тетовци. Таква е ситуацијата во последните три-четири недели, иако бројот на оние кои се вакцинираат ни оддалеку не е како од времето на масовната вакцинација. Според медицинските лица од Тетово, за трета и четврта доза се јавуваат лица од сите возрасти, не само најстарите.

    „Со драстичното зголемување на бројот на новозаразени, заинтересираноста за вакцинација со бустер доза е малку зголемена, но тоа сè уште не е на задоволително ниво. Сè уште ги немаме прецизните бројки, но дневно со трета или четврта доза се вакцинираат од 30 до 50 лица. За прва и втора доза нема заинтересираност, но околу 60 проценти од граѓаните на Тетово и околните општини се веќе вакцинирани. Вакцинирањето се врши во Здравствениот дом во Тетово“, изјави директорот на домот, Борислав Јоргаќиевски.

    Според него, вакцинирањето се врши со вакцините на „Фајзер“, а се очекува да пристигнат и вакцини на „Модерна“, за кои деновиве имало обука на медицинскиот персонал.

    Од Клиничката болница во Тетово велат дека за амбулантски преглед дневно се јавуваат по 40-ина лица, од кои 60-70% се ковид позитивни, а едно лице се лекува во болнички услови.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира