САД И РУСИЈА ДОГОВАРААТ РАЗМЕНА НА ЗАТВОРЕНИЦИ, ШТО ЌЕ ЈА ВКЛУЧИ КОШАРКАРКАТА БРИТНИ ГРАЈНЕР

    САД И РУСИЈА ДОГОВАРААТ РАЗМЕНА НА ЗАТВОРЕНИЦИ, ШТО ЌЕ ЈА ВКЛУЧИ КОШАРКАРКАТА БРИТНИ ГРАЈНЕРГрајнер е во притвор од февруари, кога на аеродромот во Москва ѝ било пронајдено масло од канабис во багажот (Фото: АП)

    Администрацијата на Џо Бајден дала „значајна понуда“ за враќање на двајца Американци затворени во Русија, изјави државниот секретар Ентони Блинкен. Извештаите велат дека Москва била заинтересирана за размена на кошаркарската ѕвезда Бритни Грајнер за осудениот руски шверцер на оружје Виктор Боут. Блинкен кажа дека ќе разговара за ова со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кога утре ќе се слушнат, што ќе биде нивни прв директен контакт од почетокот на руската инвазија на Украина.

    Белата куќа и Стејт департментот засега не ги откриваат деталите од предложениот договор. Си-Ен-Ен објави дека САД се надеваат дека го добијат и Пол Велан, кој во 2020 беше осуден на 16 години затвор за шпионажа. Според „Њујорк тајмс“, размената била предложена минатиот месец и Бајден ја одобрил.

    Виктор Боут, кого го опишуваат како трговец на смртта, моментално служи 25-годишна затворска казна во САД откако се обидел да продаде оружје на колумбиска бунтовничка група. Тој беше уапсен во Бангкок во 2008 година.

    Триесет и едногодишната Грајнер, која важи за една од најдобрите кошаркарки на сите времиња, е во притвор од февруари, кога на аеродромот во Москва ѝ било пронајдено масло од канабис во багажот. Таа се враќала за САД од Русија, каде што настапуваше.

    Двократната олимписка шампионка се изјасни како виновна, но во меѓувреме немаше многу информации за нејзината состојба, додека руските власти постојано ѝ го продолжуваа притворот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира