Околу 220 илјади жители на регионот Донецк ќе бидат задолжително евакуирани, најави украинската министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук. Верешчук рече дека главна причина за тоа е што Русија ја уништила инфраструктурата за греење и нема довод на гас во регионот.
„Сите гасни централни што можеа да се поправат се поправени, но непријателот, повторно и повторно, уништува сè што може да им помогне на луѓето да се згреат во зима. Исто така, нема соодветно снабдување со електрична енергија. Накусо, нема да има греење во Донецк зимава. Друга причина е што гранатирањето само станува полошо“, изјави таа.
Верешчук кажа дека граѓаните сепак имаат право да одбијат да се евакуираат.
„Ако некој одбие да се евакуира, ќе мора да потпише дека разбира дека има опасност по неговиот живот. Ние сме демократска земја, не можеме да принудиме некого да се евакуира“, рече таа.