НЕРЕЛЕВАНТНО Е БАРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ, ТОА Е САМО ЗА ВНАТРЕШНО ПОЛИТИЧКА УПОТРЕБА, ВЕЛИ ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ

    НЕРЕЛЕВАНТНО Е БАРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ, ТОА Е САМО ЗА ВНАТРЕШНО ПОЛИТИЧКА УПОТРЕБА, ВЕЛИ ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИКовачевски денеска беше во посета на Тетово каде започна предизборната кампања за избор на Совет на Општина Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Димитар Ковачевски барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум го смета за внатрешно политичка употреба на партијата и дека тоа барање било сосема нерелевантно. Тој побара од ВМРО-ДПМНЕ и Левица да да расчистат дали сакаат во ЕУ или сакаат во некој централно азиски сојуз или со Русија.

    „Сосема е нерелевантно барањето на ВМРО за некаков референдум кој што треба да биде изјаснување против зачленувањето во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ заедно со нивниот нов коалиционен партнер Левица се единствените два партии кои се против членството во ЕУ и тие тоа јасно го кажаа при гласањето на предлогот од Европската унија во однос на почнувањето на преговорите. Тој референдум за кој го зборува Мицковски е единствено за внатрешно пол употреба бидејќи нема политичка партија освен неговиот коалиционен партнер Левица која е против НАТО и ЕУ и која е за некако централно азиски сојуз и со Русија. Таа партија треба прво идеолошки да расчисти кај себе дали сакаат да ја видат Република Северна Македонија како членка на ЕУ или не сакаат“, изјави премиерот Ковачевски.

    Ковачевски денеска беше во посета на Тетово каде започна предизборната кампања за избор на Совет на Општина Тетово. Изборите треба да се одржат на 20 август 2022 година.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски подоцна денеска, исто така, беше во Тетово, на презентација на советничката листа за Советот на Општина Тетово за претстојните избори.

    За изјавата на Ковачевски, Мицкоски кажа дека „само нелегитимен премиер кој е поставен на начин на кој што е така поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен“.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира