НЕМАМЕ ПРОБЛЕМИ КОГА ИЗВЕДУВАМЕ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР, НИЕ СМЕ ЕДЕН НАРОД, РЕКОА БУГАРСКИТЕ ИГРАОРКИ НА СЕМАКЕДОНСКАТА СРЕДБА ВО СЕЛО ТРНОВО

    НЕМАМЕ ПРОБЛЕМИ КОГА ИЗВЕДУВАМЕ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР, НИЕ СМЕ ЕДЕН НАРОД, РЕКОА БУГАРСКИТЕ ИГРАОРКИ НА СЕМАКЕДОНСКАТА СРЕДБА ВО СЕЛО ТРНОВОФолклорот е над политика, велат од играорното друштво од бугарското село Плетена (Фото: СДК.МК)

    „Изведуваме македонски фолклор низ цела Бигарија и никогаш не сме имале проблем. Нема зошто да не изведуваме зашто ние сме еден народ. Песните се еднакви, културата е еднаква, фолклорот е еднаков, па така пееме македонски песни“, вели Антонија Тебекташева, која го предводеше играорното друштво од село Плетена, Гоцеделчевски Реон во Пиринска Македонија при настапот на Семакедонската средба во битолското село Трново за Илинден.

    На новинарските прашања дали имаат проблеми додека изведуваат македонски фолклор, таа рече дека сме браќа и сестри и дека целиот народ е едно цело.

    „Пееме македонски песни, наши обработени песни бугарски. Ние сме многу активна група, учествуваме на разни собири и фестивали и никогаш не сме имале проблеми. Како да имаме проблем, браќа и сестри сме. Политиката е нешто друго. Луѓето никогаш не ни приговориле зошто изведуваме таков фолклор, зошто не пееме друг. Фолклорот е над политика“, рече Тебекташева.

    Рече дека материјалите ги црпат од возрасни луѓе и дека работеле на проект насловен „Живо наследство“.

    Играорното друштво е активно 24 години. Беше дел од културната програма на Семакедонската средба на која беа упатени пораки за зачувување на македонизмот, идентитетот, јазикот, културата и сите други обележја на македонскиот народ. Меѓу другото, беше побарано раскинување на Преспанскиот и на Бугарскиот договор.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира