Додека милиони низ Европа се потат во летото со рекордни жештини, во Африка скијаат. Но, ова не е уште еден знак за климатските промени, туку фасцинантната аномалија на Лесото, мало планинско кралство целосно опкружено со Јужна Африка. Лесото е единствената држава на Земјата чиј секој сантиметар од територијата е на повеќе од 1.000 метри над морското ниво. Поради тоа има снег на Лесото во зимите на јужната хемисфера.
И додека студените зими не се ретки во јужна Африка, снегот, а и скијачките центри се многу поретки. На надморска височина од 3.000 метри, Африски во планините Малути во Лесото е единствениот ски-центар во Африка јужно од екваторот.
„Никогаш не сум видел снег во мојот живот“, вели Кафи Мојапело, која дојде од блиско место во Јужна Африка за првпат на одмор на скијање. „Значи, ова е одлично искуство“.
Снежниот парк Капоко на Африски е единствениот снежен парк на континентот, а минатиот месец се одржа и редовниот годишен натпревар во соноуборд и скијање.
Можеби Африски не е на нивото на големите европски алпски одморалишта, но љубовта кон зимските спортови веќе доволно голема. Во рестораните и кафеата уште од 10 часот скијачите и бордерите ја покажуваат својата зимска мода и се забавуваат со музика со пиво в рака, а толпата што доаѓа на скијање во Африка е се поголема.