ПОЧИНА ЖЕНАТА КОЈА ПАДНА ВО КОМА ОТКАКО ЈА ПРЕТЕПА ПАРТНЕРОТ ВО НЕГОТИНО

    ПОЧИНА ЖЕНАТА КОЈА ПАДНА ВО КОМА ОТКАКО ЈА ПРЕТЕПА ПАРТНЕРОТ ВО НЕГОТИНОЗа кое од најтешките кривични дела ќе одговара притворениот насилник, ќе се знае по обдукцијата на телото на починатата. (Фото: СДК.МК)

    На КАРИЛ во Скопје вчера почина 56-годишната жена од Неготино, која падна во кома откако на 2 август ја претепа нејзиниот партнер. Воопшто не се разбудила од комата, и покрај тоа што тимот хирурзи по приемот ѝ ја оперирале главата, поради многу тешки телесни повреди.

    Од Обвинителството, од каде ја потврдуваат информацијата за починатата, велат дека телото ќе оди на обдукција. По обдукцијата најверојатно ќе се преквалификува кривичното дело против насилникот, кој веќе доби притвор од 30 дена. Поради смртта, тој сега ќе одговара за едно од најтешките кривични дела.

    Претепаната беше примена на КАРИЛ со тешки повреди на мозокот. Била оперирана, па приклучена за респираторни апарати.

    Според соопштението на Обвинителството од 3 август, насилничкиот напад се случил ноќта меѓу први и втори август. Полицијата веднаш го привела. По отворената истрага Обвинителството го опиша настанот: насилникот повеќе пати ја удирал со боксови во главата, а потоа ја турнал кон туш-кабината во бањата. Веќе повредена од боксовите, таа паднала во туш-кабината и тука засекогаш ја изгубила свеста. Во кома, таа е итно донесена и веднаш оперирана во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

    На барање на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд Кавадарци на насилникот му определи мерка притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира