БУКАТА ОД ПЕЛИСТЕР ЌЕ ДОБИЕ ЕВРОПСКА ЗАШТИТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БУКАТА ОД ПЕЛИСТЕР ЌЕ ДОБИЕ ЕВРОПСКА ЗАШТИТА

    Мешовит научен тим истражува кои животински и растителни видови од Националниот парк Пелистер ќе добијат европска заштита. Се истражуваат балканскиот  рис, видрата, кафеавата мечка, лилјаците, шумското коњче, бумбарот еленок, соколот, па сѐ до скакулците. Некои од нив и досега беа под заштита, а некои не. За првпат се подготвува листа со флора и фауна од Македонија која ќе биде прогасена за  НАТУРА 2000. Тоа е европска еколошка мрежа  на живеалишта и птици кои се среќаваат во земјите од ЕУ, но се заштитуваат на подрачјата каде ги има во добар примерок, со цел во иднина да не се загрозуваат и да им се обезбеди опстанок.

    „Деновиве  оринтолози ги прочучуваат птиците, зоолози и биолози животинските и растителните видови,  геолози и педолози ги проучуваат видовите на земја, карпи, камења бидејќи и на нив има некои лишаи, мовови. ЕУ има листи со видови и се проверува кои од нив  живеат тука и дали ги има во доволна бројка за да се одржат, да не се намалуваат. На Пелистер има некои видови кои се различни од кај нив иако се од истиот род“, вели Пеце Цветановски, портпарол на Националниот парк „Пелистер“.

    Мешовит научен тим во Националниот парк Пелистер ги истражува и балканскиот рис, видрата, кафеавата мечка, лилјаците, шумското коњче, бумбарот еленок, соколот, па сѐ до скакулците, за да се утврди кои животински и растителни видови ќе добијат европска заштита (Фото: СДК.МК)

    Мешовит научен тим во Националниот парк Пелистер ги истражува и балканскиот рис, видрата, кафеавата мечка, лилјаците, шумското коњче, бумбарот еленок, соколот, па сѐ до скакулците, за да се утврди кои животински и растителни видови ќе добијат европска заштита (Фото: СДК.МК)

    Во просек од 10 до 30 проценти од територијата на земјите во Европската Унија се прогласени за НАТУРА 2000. Во Македонија, најверојатно како пилот регион каде ќе се споведат мерките ќе биде токму најстариот националан парк во земјава, Пелистер.  Но, на листата нема да се најде моликата зашто е македонски ендемит, односно ја има само кај нас и е заштитана со Бернската конвенција за ретки видови. Најверојатно ќе се заштити буката.

    „Кај нас покрај оние видови што ги имаме како ендемични, посебни, специфични, ова ќе биде дополнителна заштита за оние видови кои кај нас се чести. Покрај тоа што ние ја имавме буката и ја одгледувавме, сега ќе треба да ја гледаме малку со подруги очи, како заштитен вид, како НАТУРА 2000“, вели Цветановски.

    Во областите кои ќе бидат прогласени за НАТУРА 2000 ќе може да се гради само со посебна дозвола, дури и кога е во прашање инфраструктура. Ќе се гради само во случај доколку градбата не ги загрозува видовите и живеалиштата. Во Европа досега имало случаи да не бидат испочитувани прописите,  по што градителите биле тужени пред Меѓународниот суд во Луксембург и ги изгубиле случаите.

    „На пример, ако градите шупа на такви области и во неа држите ала , нема опасност. Ако правите предавател и на него има зрачење тоа ги загрозува видовите. Ако направите антенски предавател ќе ги загрозува штрковите, ќе има  радијација, ќе дојде до нивно уништување или бркање од живеалиштата. Во тој случај Министерството нема да ви даде дозвола за градба на таа локација“, вели Цветановски.

    Тој посочува пример во Шпанија каде угостител изградил хотел, а дозвола му дале сите жители во селото. Но, се покажало дека хотелот ги загрозува сите можни мали водотеци во околината. Бил покренат спор од еколозите и  запрена градбата, па хотелот до денес останал само како споменик.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира