ПОГОДЕНИ ОД САНКЦИИТЕ, РУСКИТЕ АВИОКОМПАНИИ РАСКЛОПУВААТ АВИОНИ ЗА ДА ОБЕЗБЕДАТ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

    ПОГОДЕНИ ОД САНКЦИИТЕ, РУСКИТЕ АВИОКОМПАНИИ РАСКЛОПУВААТ АВИОНИ ЗА ДА ОБЕЗБЕДАТ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИНајголем дел од руската флота на авиони е од западно производство (Фото: Шатерсток)

    Руските авиокомпании, вклучувајќи ја и државната „Аерофлот“, почнале да расклопуваат авиони за да обезбедат резервни делови што веќе не можат да се набават поради западните санкции, изјавија извори од авиоиндустријата за „Ројтерс“.

    Ова е во согласност со владиниот совет од јуни, со кој на авиокомпаниите им беше препорачано да искористат некои од своите авиони за делови, со цел останатите авиони од странско производство да останат во функција најмалку до крајот на 2025 година.

    Санкциите воведени за Русија по почетокот на инвазијата на Украина ги оневозможија руските авиокомпании да набавуваат резервни делови или да одат на запад заради сервисирање.

    Најмалку два авиона на ‘Аерофлот‘ се приземјени и моментално се расклопуваат. Од нив, ‘ербас А350‘ е целосно нов. Опрема е земена и од неколку авиони ‘боинг 737‘ и ‘ербас А320‘“, изјави еден извор кој побара да остане анонимен.

    Најголем дел од руската флота на авиони е од западно производство, но и руските „сухој суперџет 100“ исто така силно зависат од странски делови. Според сајтот „Флајтрадар24“, околу 50 авиони на „Аерофлот“, односно 15% од флотата, воопшто не полетале од крајот на јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира