ДВЕ ФИРМИ СО ИСТ ГАЗДА СТАРИ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ НАБАВУВААТ ЈАГЛЕН ЗА РЕК БИТОЛА

    ДВЕ ФИРМИ СО ИСТ ГАЗДА СТАРИ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ НАБАВУВААТ ЈАГЛЕН ЗА РЕК БИТОЛАЕСМ увезува јаглен за да го исполни планот за зголемување на домашното производство на струја за 20 отсто. - РЕК Битола (Фото: СДК.МК)

    Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) склучила договори за набавка на јаглен за РЕК Битола со три фирми, од кои две имаат ист газда и се стари неколку месеци, објави БИРН. Станува збор за тетовецот Аљибер Ибраими, кој е сопственик на компаниите „Куантум Солушнс“ и „Енергија Икс“.

    „Куантум Солушнс“ е регистрирана на 31 март годинава, денот кога ЕСМ го распишала јавниот повик за набавка на јаглен и таму од минатата недела во сопствеништвото фигурира и друга личност.

    „Енергија Икс“ е регистрирана подоцна, на 5 мај, и таму во сопственичката структура има уште една личност.

    „Куантум Солушнс“ треба да увезе 100 илјади тони јаглен од Грција, додека „Енергија Икс“ 50 илјади тони од Албанија, за вкупна сума од 9,5 милиони евра.

    Законот за јавни набавки ѝ дозволува на ЕСМ да набавува гориво за производство на енергија со директни договори, без никакво објавување повици во јавноста. Компанијата досега редовно ги објавувала повиците на својата веб-страница и во медиумите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира