Серија експлозии погоди воена база на окупираниот полуостров Крим. Руски функционери велат дека експлозиите се предизвикани од пожар во складиште на оружје во северниот дел на Крим.
Ова следува само неколку дена откако најмалку осум руски борбени авиони беа уништени во серија експлозии на Крим, кои Русија исто така ги објасни со детонација на муниција.
Руското министерство за одбрана сега кажа дека пожарот избувнал во привремено складиште на муниција близу селото Мајске и дека причината се истражува. Локалните проруски власти изјавија дека две лица се повредени.
Советникот на украинскиот претседател Зеленски, Михајло Подољак, го опиша инцидентот како „демилитаризација на дело“, навестувајќи дека експлозиите не се случајни.
Русија ги анектираше Крим во 2014 и денес го користи како база за напади на јужна Украина.