Јавниот обвинител Љубомир Јовески ја суспендираше шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа од страна на директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми, соопшти Јавното обвинителство.
Русковска, со судска наредба, изврши претрес во Финансиска полиција на 18 јули по анонимни пријави од граѓани, а на 8 август Муареми во врска со претресот поднесе кривични пријави против Русковска и двете обвинителки од нејзиното обвинителство, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, кои го спроведоа претресот.
Како што соопшти Јавното обвинителство, Јовески денеска поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на трите обвинителки, за кои од Јавното обвинителство велат дека постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.
- ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА СО КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА РУСКОВСКА И ОБВИНИТЕЛКИТЕ, ДИРЕКТОРОТ МУАРЕМИ НЕ ОТКРИВА ЗА КОЕ ДЕЛО
- ЈОВЕСКИ НЕ Е СУД ДА КАЖУВА ДАЛИ ПРЕТРЕСОТ КАЈ АРАФАТ БИЛ ЗАКОНСКИ, А ТОЈ ПАК ПОДНЕСУВА САМО ПРЕТСТАВКИ, А НЕ ЖАЛБА ДО СУДОТ, ВОЗВРАТИ РУСКОВСКА
- НЕ Е ЗАКОНСКИ ПРЕТРЕСОТ ВО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЉУБОМИР ЈОВЕСКИ
- ОБВИНИТЕЛ И ИСТРАЖИТЕЛИ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВРШАТ ПРЕТРЕС КАЈ ДИРЕКТОРОТ НА ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА АРАФАТ МУАРЕМИ