ЌЕ СТОРИМЕ СÈ ЗА ДА СЕ ОДРЖИ ОХРИДСКИОТ МАРАТОН, НИ ТРЕБААТ 50.000 ЕВРА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ

    ЌЕ СТОРИМЕ СÈ ЗА ДА СЕ ОДРЖИ ОХРИДСКИОТ МАРАТОН, НИ ТРЕБААТ 50.000 ЕВРА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВНаградниот фонд за пливачите не бил исплатен во последните две-три години (Фото: СДК.МК)

    Општина Охрид ќе направи сè, односно 99 отсто, Охридскиот пливачки маратон да се одржи, изјави градоначалникот Кирил Пецаков по денешниот состанок со претставници на пливачките клубови од градот. Ова следува откако претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски, вчера кажа дека маратонот нема да се плива ова лето поради блокираната сметка на федерацијата. Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон, а директорот директорот Наумче Мојсовски повеќе детали за тоа ќе каже утре најавената прес-конференција во Општина Охрид.

    „Локалната самоуправа ќе стори сè од следната година да ја преземе организацијата на манифестацијата во свои раце, заедно со пливачките клубови. И оваа година ќе направиме сè што е и што не е во наша моќ за да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата, на што веднаш добив одговор од Агенција за млади и спорт“, кажа Пецаков.

    Тој додаде дека наградниот фонд за пливачите не бил исплатен во последните две-три години.

    „Не можам да сфатам како се доведуваме во ситуација да останеме без маратонот, односно да поминеме со едно соопштение дека нема да се одржи поради блокирана сметка, состојба која трае долги години. Што правеле досега? За да поканите пливачи, потребно е еден месец однапред да се известат и да го потврдат нивното доаѓање. Ние дури вчера почнавме да испраќаме покани, но прашање е дали ќе има награден фонд“, истакна Пецаков.

    Во разговори со компании во последните 12 часа бил обезбеден одреден фонд, а по средбата со директорот на АМС ќе се направи финансиска конструкција.

    „Охридските клубови технички се спремни да го организираат маратонот, но потребни се околу 50.000 евра“, вели Пецаков.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира