ФИНСКАТА ПРЕМИЕРКА МАРИН СЕ ТЕСТИРАШЕ ЗА ДРОГА ПО СНИМКИТЕ НА КОИ ТАНЦУВА НА ЗАБАВА

    ФИНСКАТА ПРЕМИЕРКА МАРИН СЕ ТЕСТИРАШЕ ЗА ДРОГА ПО СНИМКИТЕ НА КОИ ТАНЦУВА НА ЗАБАВАМарин рече дека денеска се тестирала, а резултатите се очекуваат следната недела и повтори дека никогаш не земала дрога. (Фото: ЕБУ)

    Финската премиерка изјави дека направила тест за дрога, откако се појавија нови снимки на кои се гледа како лидерката танцува со финска поп-ѕвезда. 36-годишната Сана Марин неделава беше критикувана откако беше објавено видео на кое се забавува на забава, а некои политичари рекоа дека треба да се тестира за наркотици.

    На прес-конференција, Марин рече дека денеска се тестирала, а резултатите се очекуваат следната недела. Марин повтори дека никогаш не земала дрога.

    „Не направив ништо незаконско“, рече таа на прес-конференцијата во Хелсинки. „Дури и во моите тинејџерски години не користев никаков вид дрога“, рече Марин, додавајќи дека го направила тестот за дрога за да ги смири сите грижи.

    Марин, исто така, инсистираше на тоа дека таа има право на пресумпција на невиност. Новинарите прашуваа дали премиерката, која е на власт од декември 2019, ќе можела да донесе итни владини одлуки ако било потребно додека била на збаавата.

    „Не се сеќавам ниту еден пат кога имало ненадејна ситуација среде ноќ да се оди во Палатата на Државниот совет“, инсистираше таа. „Мислам дека мојата способност да функционирам беше навистина добра. Немаше најавени состаноци во деновите кога се забавував“.

    Иако Марин призна дека постојано ја снимаат, таа рече дека е вознемирена што снимката станала јавна.

    „Верувам дека луѓето разбираат оти слободното време и работното време можат да се одвојат“, додаде таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира