ПО 12 ГОДИНИ ДЕНЕСКА ЗАВРШИ НАДЗОРОТ НА ЕУ НАД ГРЧКИТЕ ВЛАДИНИ ТРОШОЦИ, МИЦОТАКИС РЕЧЕ ДЕКА Е ИСТОРИСКИ ДЕН

    ПО 12 ГОДИНИ ДЕНЕСКА ЗАВРШИ НАДЗОРОТ НА ЕУ НАД ГРЧКИТЕ ВЛАДИНИ ТРОШОЦИ, МИЦОТАКИС РЕЧЕ ДЕКА Е ИСТОРИСКИ ДЕНЗемјата сега може да се радува на нов, чист хоризонт на развој, единство и просперитет за сите, рече премиерот Мицотакис во видеообраќањето. (Фото: Интајм њуз)

    Завршувањето на надзорот на ЕУ над грчките владини трошоци по 12 години означува „историски ден“, рече денеска премиерот Киријакос Мицотакис.

    „20 август 2022 година е историски ден за Грција и за сите Грци: нашата земја излегува од засилената рамка за надзор на ЕУ. Земјата сега може да се радува на нов, чист хоризонт на развој, единство и просперитет за сите“, рече тој во видеообраќањето.

    Европската комисија, која ги надгледува буџетите на 27-те земји-членки на ЕУ, во средата соопшти дека ќе ја заврши својата програма за „засилен надзор“ на 20 август, истакнувајќи дека „Грција го исполни најголемиот дел од политичките обврски“ преземени кон своите партнери во еврозоната.

    Мицотакис кажа дека денешниот ден го означува и крајот на меморандумите и сето она што го донесоа „даноци и кратење на платите и пензиите, банкарски ревизии, ставање под хипотека на јавен имот, деградација на националната одбрана, јавното образование и здравството, но и маргинализирање на позицијата на Грција во Европа и во светот“.

    „Грција денес е поинаква Грција. Бележи висок раст и голем пад на невработеноста, која веќе е намалена за три процентни поени од минатата година и за пет од 2019 година. Додека, во исто време, многу даноци што му беа наметнати на народот во тие тешки години беа укинати или олеснети. Сите сега плаќаат помалку придонеси за социјално осигурување. И речиси сите плаќаат понизок данок на имот (ЕНФИА), додека минималната плата е зголемена за 63 евра, а најранливите целно се поддржани, рече Мицотакис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира