Турските власти соопштија дека 15 лица загинале во големата несреќа во Турција, на автопатот Тарсус-Адана-Газиантеп, каде утрово се судрил патнички автобус со паркирани возила на Брзата помош. Меѓу загинатите се и тројца пожарникари, двајца болничари и двајца новинари.
Автобусот се превртел по ударот. Снимката од местото на несреќата покажува луѓе кои очајнички се обидуваат да ги спасат повредените, а на патот се расфрлани остатоци од возилата.
„Според прелиминарните сознанија, автобусот удрил во здравствени, пожарникарски и полициски екипи кои помагале во сообраќајна несреќа на излетан автомобил на автопатот Газиантеп Низип. Вкупно 15 наши граѓани загинаа, меѓу кои двајца здравствени службеници, двајца репортери од новинската агенција Ихлас, тројца пожарникари и осум патници“, кажа министерот за внатрешни работи на Турција Сулејман Сојлу.