ЗИЈАДИН СЕЛА ДАДЕ ОСТАВКА ОД ЛИДЕР НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ОТИ НЕ ДОБИ НИЕДЕН СОВЕТНИК ВО ТЕТОВО

    ЗИЈАДИН СЕЛА ДАДЕ ОСТАВКА ОД ЛИДЕР НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ОТИ НЕ ДОБИ НИЕДЕН СОВЕТНИК ВО ТЕТОВОСела рече дека веќе нема да се кандидира за претседател на партијата. (Фото: СК.МК)

    Лидерот на Алијанса за Албанците (АА) Зијадин Села даде оставка од претседателската функција , откако неговата партија вчера не освои ниеден советник на локалните избори за Советот на Општина Тетово. АА во минатиот состав имаше тројца советници.

    Села, оставката ја соопшти на прес-конференцијата во Тетово по денешниот состанок на Претседателството на АА и кажа дека лошиот изборен резултат е оти имало саботажи одвнатре за да се ослаби партијата. Тој рече дека веќе нема да се кандидира за претседател на партијата зашто статутот тоа го дозволува само двапати.

    „Разговаравме за резултатите од изборите, стојам на ставот дека Тетово не е само еден град или населба, но сепак резултатите се лоши и затоа давам неотповиклива оставка Подоцна Централното собрание ќе одлучи кој ќе биде вршител на должноста претседател на партијата“, рече Села, кој е еден од основачитеи долгогодишен лидер на Алијанса за Албанците, формирана од група членови на ДПА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира