ПРИТВОР ОД 8 ДЕНА ДОБИ ОСОМНИЧЕН КОЈ НА ФЕЈСБУК МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ ДЕКА „НЕМА ДА УМРЕ ОД БОЛЕСТ ЛИ СТАРОСТ“

    ПРИТВОР ОД 8 ДЕНА ДОБИ ОСОМНИЧЕН КОЈ НА ФЕЈСБУК МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ ДЕКА „НЕМА ДА УМРЕ ОД БОЛЕСТ ЛИ СТАРОСТ“Осомничеиот претходно е осудуван за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот Јанчев и неговото семејство, вели Обвинителството од Кавадарци. (Фото: СДК.МК)

    Осумдневен протвор доби лице кое на Фејсбук му се заканувало на градоначалникот на Кавадарци Мито Јанчев, соопшти Обвинителството.

    „Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека ‘нема да умре од болест или старост’. Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство“, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци кое оформи предмет и поведе постапка за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик.

    По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена на осомничениот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира