ИЗБОРИТЕ ПОЧНАА, ГЛАСААТ ДИЈАСПОРАТА, ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И БОЛНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗБОРИТЕ ПОЧНАА, ГЛАСААТ ДИЈАСПОРАТА, ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И БОЛНИТЕ

    Гласањето за предвремените парламентарни избори утринава почна во сите затвори во Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва во странство, а избирачките одбори и партиските набљудувачи одат и во домовите на пријавените болни и изнемоштени лица.

    Во најголемиот затвор „Идризово“ денеска гласаат 1.064 затвореници со право на глас.
    „Ние до Државната изборна комисија доставивме список од 1.724 осудени лица од ‘Идризово’, без осудениците кои се странски државјани и без тие кои се водат повеќе години во бегство. Но, право на глас имаат само 1.064 затвореници, бидејќи ДИК констатирала дека останатиот дел немаат извадено биометриски лични карти. Можам да кажам дека на овие избори и висока е бројката на осудени лица во ‘Идризово’ кои имаат право на глас. На минатите избори во 2014 година, гласаа само 560 осудени лица, бидејќи толку имаа право на глас“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на КПУ „Идризово“ Живко Пејковски.
    Пејковски вели дека гласањето се одвива без проблеми, ако не се земе предвид тоа што партиските набљудувачи сакале да водат детална евиденција за секој затвореник што ќе гласа денеска, за да немало двојно гласање и други манипулации.
    Во ДИК за САКАМДАКАЖАМ.МК за ова инсистирање на партиските набљудувачи ни рекоа дека не е проблем, оти Комисијата дала инструкции да им се дозволи на набљудувачите да гледаат на гласањето во сите затвори во Македонија буквално се што ќе посакаат, за да не речат потоа, вели Љупка Гугучевска од ДИК, дека имало изборни нерегуларности во казнено-поправните установи.
    Право на глас на овие избори, имаат вкупно 2.013 осудени и притворени лица од сите казнено-поправни установи кај нас.
    Што се однесува, пак, до гласањето на дијаспората, според временската зона, во Австралија веќе завршило гласањето за предвремените парламентарни избори во Македонија. Неофицијално, одзивот на нашинците од Австралија бил многу слаб, но од ДИК велат дека се собираат податоци за излезноста не само во Австралија, туку и на останатите континенти каде има пријавено гласачи, па се очекува наскоро да бидат соопштени и овие податоци.
    На изборите учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати. Пријавени за гласање во странство се 20.573 граѓани, додека на посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира