НОВИ 10,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОМОШ ОД САД ЗА РАЗВОЈ НА ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО, ПОЛОВИНА ЌЕ ОДАТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

    НОВИ 10,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОМОШ ОД САД ЗА РАЗВОЈ НА ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО, ПОЛОВИНА ЌЕ ОДАТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАПо потпишувањето на амандманот, амбасадорка Брнз кажа дека еден од најголемите предизвици со кои се соочува Северна Македонија е корупцијата која што го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност. - Амбасадорката Брнз, министерот Бесими и Дајбл од УСАУД на денешното потпишувањето на амандманот (Фото: К. Попов)

    САД донираат дополнителни 10,3 милиони долари за развој на демократско општество и за конкурентна економија, со амандманот на Договорот за грант за партнерство за развој, кој денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на УСАИД во Северна Македонија Џери Дајбл, во присуство на амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

    Со овој амандман, досегашната поддршка од Договорот е 22,1 милион долари од вкупно планираните 56,6 милиони.

    По потпишувањето на амандманот, амбасадорка Брнз кажа дека еден од најголемите предизвици со кои се соочува Северна Македонија е корупцијата која што го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност. Затоа, кажа таа, половина од поддршката преку овој грант се фокусира на борбата против корупцијата.

    „Од независноста на Северна Македонија во 1991 година, САД ја поддржуваат вашата цел да станете демократска земја, која што се заснова на владеење на правото и на еднакви можности за сите граѓани. Знаеме дека ова ќе биде предизвик затоа што недостигаат одговорност и транспарентност, а има непотизам и институционална дисфункција и сето тоа има има потенцијал да ја одвлече Северна Македонија од патеката на нејзиниот напредок. Знаеме дека еден од најголемите предизвици е корупцијата која што го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност. Владините претставници мора да одговорат на овие предизвици, да ги исполнат очекувањата на јавноста и стандардите за членство во ЕУ. Ние ве поддржуваме да продолжите со овие реформи дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби затоа што една силна, демократска и инклузивна Северна Македонија е столб за просперитетот на Западен Балкан. Половина од поддршката на УСАИД преку овој договор за грант за партнерство во развој се фокусира на борбата против корупцијата. Ние знаеме дека Северна Македонија може да стане попросперитетна, добро управувана и поотпорна држава и затоа ќе продолжиме да ја даваме нашата поддршка, со нетрпение очекувајќи да видиме на кој начин ќе се врати оваа инвестиција“, изјави амбасадорката Брнз.

    Оваа помош е дел од петгодишниот Договор за грант за партнерство за развој, потпишан во мај лани, а од 1993 година наваму помошта од УСАИД изнесува околу 840 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира