НЕМА ДА ТРЕБА ДОЗВОЛА ОД ОПШТИНИТЕ ДА СЕ ПОСТАВУВААТ ФОТОВОЛТАИЦИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА, ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДБА ОДАТ ВО СОБРАНИЕ

    НЕМА ДА ТРЕБА ДОЗВОЛА ОД ОПШТИНИТЕ ДА СЕ ПОСТАВУВААТ ФОТОВОЛТАИЦИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА, ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДБА ОДАТ ВО СОБРАНИЕСо измените покрај поедноставување на постапките се предвидува фотоволтаици да може да се стават во индивидуални објекти за домување до 6 KW, a и кај правни субјекти до 40 KW.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Граѓаните и фирмите ќе можат да поставуваат фотоволтаици за производство на струја на покривите без да бараат одобрение од Општината. Ова се предвидува со Измените на Законот за градба кои денеска поминаа на владина седница, и деновиве ќе се достават до Собранието. Со измените, покрај поедноставување на постапките се предвидува фотоволтаици да може да се стават во индивидуални објекти за домување до 6 KW, a и кај правни субјекти до 40 KW.

    Во ова време потребни се полесни процедури кои ќе овозможат што поголем број домажинстав и компании да произведуваат струја за свои потреби. Инвеститорите се сега должни само да ја известат Општината и да ги достават потребните документи. За правни лица ќе биде потребен извод од Центарлен регистар, а за физички лица копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект. Контролата дали се поставени фотоволтации како што е предвидено со проектот ќе ја вршат општинските инспектори“, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

    Неискористената произведена струја фирмите и граѓаните ќе може да ја продаваат односно таа ќе се враќа во електро-енергетскиот сектор.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира