ПОЛСКА ГИ ПРОЦЕНИ ШТЕТИТЕ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НА 1.300 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ЌЕ БАРА ОТШТЕТА ОД ГЕРМАНИЈА

    ПОЛСКА ГИ ПРОЦЕНИ ШТЕТИТЕ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НА 1.300 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ЌЕ БАРА ОТШТЕТА ОД ГЕРМАНИЈАОколу шест милиони Полјаци се убиени во Втората светска војна (Фото: АП)

    Полска ги процени штетите предизвикани од Германија во Втората светска војна на 6.200 милијарди злоти (1.300 милијарди долари), при што лидерот на владејачките националисти Јарослав Качински кажа дека Варшава и официјално ќе побара репарација.

    Германија, која е најголемиот трговски партнер на Полска, претходно кажа дека сите финансиски побарувања поврзани со Втората светска војна се веќе подмирени.

    Пред три години, Полска ги процени воените штети на 850 милијарди долари. Од доаѓањето на власт во 2015, партијата Закон и правда (ПИС) упати неколку повици за надомест на штетата, но официјално барање до Берлин досега не беше испратено.

    До презентираната сума е дојдено со користењето на ограничени, конзервативни методи, па постои можност и за нејзино зголемување“, изјави Качински.

    Околу шест милиони Полјаци, од кои три милиони полски Евреи, се убиени за време на Втората светска војна, додека Варшава беше целосно уништена по востанието во 1944, во кое загинаа 200.000 цивили.

    Во 1953, под притисок на Советски Сојуз, Полска се откажа од сите натамошни барања за воени репарации. ПИС го смета овој договор за неважечки зашто Полска не била во можност да преговара.

    Позицијата на германската влада останува непроменета: прашањето на репарациите е затворено. Полска се откажа од нив многу одамна, во 1953 и во меѓувреме често го повторуваше тоа“, соопшти германското министерство за надворешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира