Турција може да биде посредник околу нуклеарната централа Запорожје, рекол Реџеп Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор со Владимир Путин.
„Претседателот Ердоган порача дека Турција може да биде посредник во нуклеарката Запорожје, како што беше при извозот на жито од Украина“, објавија од кабинетот на Ердоган.
Минатиот месец при посетата на Лавов, Ердоган предупреди на нуклеарна катастрофа.
„Загрижени сме, не сакаме нов Чернобил“, кажа тогаш.
Тим на Меѓународната агенција за атомска енергија ја посети централата завчера, а своето видување за ситуацијата ќе го изнесе следната недела. Шестмина членови на тимот ќе останат во нуклеарката и во наредниот период.
Условите во најголемата нуклеарка во Европа се влошија во изминатите недели, додека Русија и Украина продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за гранатирањето на областа.