НАЈМАЛКУ ДЕСЕТМИНА УБИЕНИ ВО НАПАДИТЕ СО НОЖ ВО КАНАДА, ДВАЈЦАТА НАПАЃАЧИ СЕ ВО БЕГСТВО

    НАЈМАЛКУ ДЕСЕТМИНА УБИЕНИ ВО НАПАДИТЕ СО НОЖ ВО КАНАДА, ДВАЈЦАТА НАПАЃАЧИ СЕ ВО БЕГСТВОПолицијата го знае идентитетот на напаѓачите (Фото: АП)

    Најмалку десет луѓе се убиени, а 15 се повредени во нападите со нож во централната канадска провинција Саскачеван. Осомничени се двајца мажи, по кои и натаму се трага.

    Жртвите се пронајдени на 13 локации во домородната заедница Џејмс Смит Кри Нејшн и во соседното село Велдон. На жителите им е кажано да останат засолнети, додека полицијата продолжува со масовната потрага во голема географска област. Поставени се и контролни пунктови, при што се проверуваат сите кои поминуваат.

    Властите прогласија вонредна состојба во Џејмс Смит Кри Нејшн, каде што живеат околу 2.000 луѓе.

    Напаѓачите се идентификувани како Демиен (31) и Мајлс Сандерсон (30), за кои не е познато во каква врска се. Тие се опишани како опасни и вооружени.

    Ова е ужасен напад. Шокиран сум од денешните ужасни настани“, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, додавајќи дека ова е еден од најсмртоносните случаи на масовно насилство во канадската историја.

    Полицијата го примила првиот итен повик во 5:40 часот по локално време, по што следеле многу други. Осомничените за последен пат биле видени во Реџина, главниот град на Саскачеван, а потрагата е проширена и на соседните провинции Алберта и Манитоба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира