ВО БОМБАШКИ НАПАД ЗАГИНАА ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО РУСКАТА АМБАСАДА ВО КАБУЛ

    ВО БОМБАШКИ НАПАД ЗАГИНАА ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО РУСКАТА АМБАСАДА ВО КАБУЛДосега ниедна група не презела одговорност за нападот на амбасадата

    Најмалку две лица загинаа откако бомбаш-самоубиец се разнесе пред вратите на руската амбасада во Кабул. Руското министерство за надворешни работи потврди дека загинатите биле дел од персоналот на амбасадата.

    Руската државна агенција РИА претходно објави дека во нападот се ранети дипломат и припадник на обезбедувањето. Досега ниедна група не презела одговорност за нападот.

    Полицијата соопшти дека бомбашот сакал да ја нападне амбасадата, но бил застрелан додека се доближувал кон објектот, што довело до детонација на експлозивот. Москва кажа дека напаѓачот самиот се разнесол.

    Русија е една од ретките земји кои задржаа дипломатско присуство во Авганистан и откако талибанците се вратија на власт. Москва сепак не ја признава талибанската влада.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира