Русија воведе санкции за американските актери Шон Пен и Бен Стилер и им забрани влез во земјата. Тие се додадени на листата на која од порано се наоѓаат и Морган Фримен, Џо Бајден и Борис Џонсон.
Двајцата актери отворено ја критикуваа руската инвазија на Украина и го посетија Киев по почетокот на војната.
Стилер, кој е амбасадор на добра волја на Обединетите нации, јасно кажа дека неговите симпатии се на страната на украинскиот претседател Володимир Зеленски кога се сретна со него за Светскиот ден на бегалците во јуни.
„Вие сте мој херој, вие сте неверојатен“, изјави Стилер тогаш.
Пен, кој е познат по својот политички активизам, беше во Украина за да снима документарец за војната.
Вкупно 1.073 имиња се наоѓаат на руската листа за забрана за влез во земјата.