ПУТИН БАРА РЕВИЗИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ИЗВОЗ НА УКРАИНСКОТО ЖИТО, ТВРДИ ДЕКА ЗАВРШУВА ВО ЕУ МЕСТО ВО АФРИКА

    ПУТИН БАРА РЕВИЗИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ИЗВОЗ НА УКРАИНСКОТО ЖИТО, ТВРДИ ДЕКА ЗАВРШУВА ВО ЕУ МЕСТО ВО АФРИКАСпоред Путин, само еден брод досега пристигнал во Потсахарска Африка (Фото: АП)

    Владимир Путин побара ревизија на договорот за извоз на украинското жито преку Црното Море, тврдејќи дека Киев и западот ги мамат земјите во развој и Русија. Тој обвини дека најголем дел од житото завршува во Европа, место во најсиромашните и најгладни земји во светот.

    Зборувајќи на Источниот економски форум во Владивосток, Путин го обвини западот за колонијализам и најави дека Русија би можела да разговара со Турција за ревидирање на договорот со кој Москва ја тргна блокадата од украинските пристаништа и дозволи безбеден премин на бродовите. Договорот со кој беа одблокирани милиони тони жито беше постигнат со посредство на Турција и Обединетите нации.

    „Речиси целото жито од Украина беше испратено во Европска Унија, место во најсиромашните земји. Јасно е дека со таков пристап проблемот со храната во светот само ќе расте и може да доведе до досега невидена хуманитарна катастрофа. Можеби треба да се размисли за ограничување на извозот на житото преку таа маршрута. За ова секако ќе разговарам со претседателот на Турција“, кажа Путин.

    Според него, само два од 87 бродови натоварени со украинското жито носеле жито за Светската програма за храна на ОН, при што само еден брод досега пристигнал во Потсахарска Африка.

    Наспроти Путин, Володимир Зеленски тврди дека милиони тони украинско жито ќе пристигнат во Сомалија во следните недели. Киев вели дека нема основа за ревидирање на договорот, чие спроведување строго се набљудува.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира