ВТОРИОТ ОСОМНИЧЕН ЗА МАСОВНОТО УБИСТВО СО НОЖ ВО КАНАДА ПОЧИНА ПО АПСЕЊЕТО

    ВТОРИОТ ОСОМНИЧЕН ЗА МАСОВНОТО УБИСТВО СО НОЖ ВО КАНАДА ПОЧИНА ПО АПСЕЊЕТОМајлс Сандерсон бил фатен по брканица на автопат (Фото: АП)

    Вториот осомничен за неодамнешното масовно убиство со нож во канадската провинција Саскачеван почина откако беше уапсен од полицијата. Триесет и двегодишниот Мајлс Сандерсон имал повреди откако бил фатен по брканицата на автопат и подоцна починал, кажа полицијата. Таа не изнесе други детали, но едно официјално лице откри дека Сандерсон починал од повреди што самиот си ги нанесол.

    Десет жртви остануваат во болница, од кои три во критична состојба, по нападот во кој се убиени 10, а ранети се 19 лица. Најголем дел од жртвите, исто како и двајцата напаѓачи, живееле во домородната заедница Џејмс Смит Кри Нејшн.

    Телото на вториот напаѓач Демиен Сандерсон беше пронајдено во понеделникот и полицијата верува дека неговиот брат го убил.

    Мајлс Сандерсон бил лоциран откако украл автомобил од приватен имот, што довело до брканица на автопат. Во возилото што го користел бил пронајден нож. Тој бил приведен, а потоа превезен во болница, каде што бил прогласен за мртов.

    Сакам да се извинам за моите синови. Не ја знаеме целата приказна, но сакам да им се извинам на сите кои се погодени од оваа ужасна ситуација“, изјави мајката на браќата Сандерсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира