Синоќа околу 21,30 часот кај местото Рајиќ кај Новска во Хрватска се судрија патнички и товарен воз. Според последните информации, потврдено е дека загинале три лица, а 11 се повредени.
Неофицијалните информации велат дека меѓу повредените има и неколку странци, државјани на Иран. Според ХРТ, загинатите се хрватски државјани.
Цела ноќ на терен беа сите служби за итна помош, а истрагата е во тек. Премиерот Андреј Пленковиќ синоќа со министрите го посети местото на несреќата, и рече дека станува збор за досега невидена несреќа.