ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ОТВОРЕНА АЛЕЈА НА УКРАИНА СО СЛИКИ ОД РАЗУРНАТОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

    ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ОТВОРЕНА АЛЕЈА НА УКРАИНА СО СЛИКИ ОД РАЗУРНАТОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВОНа „Алејата на Украина“ во срцето на Скопје на слики се прикажани трговски центри, болници, железнички станици, цркви, училишта и градинки уништени во бомбардирањата од Русија.(Фото: К.Попов)

    На улицата Никола Кљусев во центарот на Скопје денеска беше отворена изложба за уништените објекти и културно наследство на Украина за време на воената агресија од страна на Русија. На „Алејата на Украина“ во срцето на Скопје на слики се прикажани трговски центри, болници, железнички станици, цркви, училишта и градинки уништени во бомбардирањата од Русија.

    Некогаш просперитетните градови сега се претворени во руини. Но, ние ќе ги обновиме, ќе издржиме, ќе победиме.Војната веќе одзема многу животи од нашата држава, животи на деца, војници, волонтери, цивили. Украина продолжува херојски да го брани не само сопствениот територијален интегритет и суверенитет, туку Украина, украинските војници и обичните луѓе во Украина ги бранат европските и универзалните човечки вредности по цена на сопствениот живот“, кажа вонредната и ополномоштена амбасадорка на Украина во земјава Лариса Дир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира