Промотивната кампања на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) за претстојните регионални избори не доби поттик каков што очекуваше.
АФД планирала на потенцијалните гласачи во Долна Саксонија да им дели гумени бонбони во облик на партиското лого, но излезе дека личат на мали пениси.
Фотографии од бонбоните ги објави еден новинар откако му биле испратени од член на партијата. Логото на АФД претставува црвена стрелка свртено надесно, што не било доловено со дизајнот на бонбоните.