СЕ РАСИПА ПЛАДНЕВНИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ВЕЛЕС, ПА НАМЕСТО ЕДЕН ПАТНИЦИТЕ ПАТУВАЛЕ ТРИ ЧАСА

    СЕ РАСИПА ПЛАДНЕВНИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ВЕЛЕС, ПА НАМЕСТО ЕДЕН ПАТНИЦИТЕ ПАТУВАЛЕ ТРИ ЧАСАПатниците два и пол часа чекале додека дојде друга локомотива. (Фото: СДК.МК)

    Локалниот патнички воз од Скопје за Велес, два и пол часа бил расипан и стоел на отворена пруга, пред железничка станица Зелениково. За ова алармираа патниците од возот, кој 150 минути чекал локомотива да го повлече возот. Поради ова блокирани биле двата пладневни патнички воза за Скопје и за Битола.

    „Возот тргна во 13.20 часот и во 10 минути до 14 часот застана на влезот од железничка станица Зелениково. Два и пол часа чекавме додека дојде локомотива од Трубарево. Таа нè истурка до станица Зелениково. Потоа ќе го чекавме патничкиот воз од Скопје за Битола кој тргна во 14.30 часот и стоел во станица Драчево, додека се ослободи пругата“, вели патник, кој ги користел услугите на овој воз.

    Така, наместо во 14.10 часот, патниците од пладневниот патнички воз од Скопје за Велес, во Велес пристигна три часа подоцна, во 17.20 часот. Поради тоа што овој патнички воз, кој бил со електрична локомотива и два патнички вагони бил расипан на отворена пруга, предизвикал застој на железничкиот сообраќај на релацијата Велес- Скопје. Патничкиот воз од Битола за Скопје стоел на железничка станица Зелениково и доцнел само 30 минути, додека патничкиот воз од Скопје за Битола, чекал на станица Драчево. а во Велес наместо во 15.30 часот пристигнал во 17.20 часот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира