ТРУДО КРИТИКУВАН ЗА СРАМНО ОДНЕСУВАЊЕ ОТКАКО БИЛ СНИМЕН КАКО ЈА ПЕЕ „БОЕМСКА РАПСОДИЈА“ ПРЕД ПОГРЕБОТ НА КРАЛИЦАТА

    ТРУДО КРИТИКУВАН ЗА СРАМНО ОДНЕСУВАЊЕ ОТКАКО БИЛ СНИМЕН КАКО ЈА ПЕЕ „БОЕМСКА РАПСОДИЈА“ ПРЕД ПОГРЕБОТ НА КРАЛИЦАТАВидеото било снимено на 17 септември во хотелот каде што престојуваше канадската делегација (Фото: Твитер)

    Кабинетот на Џастин Трудо го брани канадскиот премиер откако тој беше снимен како пее во хотел во Лондон два дена пред погребот на кралицата.

    На социјалните мрежи се прошири видео во кое Трудо го пее хитот на „Квин“, „Боемска рапсодија“, во придружба на канадскиот музичар Грегори Чарлс, кој свири на клавир во предворјето. Видеото било снимено на 17 септември во хотелот „Коринтија“, каде што престојуваше канадската делегација.

    Портпаролот на Трудо потврди дека видеото е вистинско, но не е познато кој го снимил. Критичарите го обвинија Трудо дека покажал непочитување.

    „Срамно е благ збор за да се опише ова. Тој е премиер, на јавно место, во пресрет на погребот на кралицата“, напиша Ендрју Којн, колумнистот на весникот „Глоб енд меил“.

    Чарлс за истиот весник изјави дека луѓето околу него пееле заедно околу два часа.

    „Беше многу забавно. Ова ме потсети на карипските погреби каде што тажните моменти се мешаат со славењето на животот“, изјави наградуваниот канадски музичар.

    Трудо го прогласи вчерашниот ден за федерален празник во Канада и во изминатиот период често истакнуваше колку ја почитуваше кралицата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира