До 17 часот на предвремните парламентарни избори гласале 60,42 отсто од гласачите, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезност има во четвртата изборна единица – 67,73%, а во првата има 66,38%. Во третата изборна единица досега гласале 64,89%, во втората – 59,76%, во петтата – 58,39% и во шестата – 46,82%.
Вкупно во избирачкиот список се запишани 1.784.416 граѓани, а до 13 часот гласале 1.063.625.
Вчера, на гласањето на дијаспората од запишани 20.571 гласачи излегле 8.208 лица или 39,90%.